Парична казна за Усеини за дело за кое минимална казна е три месеци

Парична казна за Усеини за дело за која минимална законски предвидена казна е три месеци.Ова е одлуката на Судот  во Охрид.

Нефи Усеини, добил осудителна пресуда за претепувањето на екссоветникот Џемал Мена за време на седница на Советот, но со казна под минималната , објави порталот а1он.

За делото за кое се гони е предвидена казна од три месеци до три години, а судот во Охрид на Усеини му изрекол парична казна, со која смета дека тој ќе го поправи своето однесување и нема да попречува лица во извршување на службената должност ниту ќе помисли повторно физички да напаѓа.

Нефи Усеини, заедно со својот брат Ибро, беше вмешан во уште еден случај со насилство, кога беше нападнат охриѓанец. Меѓутоа, тој случај заврши со ослободителна пресуда бидејќи нападнатиот потоа го смени исказот и тврдеше дека е изваден од контекст и не е нападнат.