Парадокс во Албанија, рекорден број туристи, но само 20% од нив биле сместени во хотели

Во Албанија бројот на туристи минатата година достигна историски рекорд, која според државниот Институтот за статистика, ИНСТАТ ја посетиле 11 милиони 700 илјади странски државјани. Но, иако пријавениот број на туристи рапидно расте, Албанија е заглавена во парадокс. Помалку од 20 отсто од нив биле сместени во хотели, анализира „Капитали“.

-Според ИНСТАТ, од 11,7 милиони странски државјани кои ја посетиле Албанија во текот на 2024 година, само 2,2 милиони од нив престојувале во хотели и слични сместувања. Оваа бројка покажува дека 80 отсто од посетителите кои не се резиденти избрале станови за краткорочно изнајмување, неформални структури, биле дневни посетители или печалбари кои престојувале кај своите семејства, наведува весникот.
Иако е зголемен, сепак бројот на посетителите на хотели сè уште останува мал.

Минатата година, хотелите, куќите за гости и сите други структури за сместување пријавиле вкупно 4,8 милиони ноќевања на национално ниво од странски туристи.

-Ако се вклучат и ноќевањата пријавени од краткорочно изнајмување станови, кампови или камп приколки, вкупниот број на ноќевања на странци минатата година изнесува 5 милиони 230 илјади. Значи 0,45 ноќевања за секој странски посетител. Тоа значи дека земјата има висок степен на неформалност во структурите за сместување, но и индустријата за краткорочно изнајмување, констатира „Капитали“.

Наведува пример за споредба посочувајќи ги Грција, која минатата година ја посетиле 36 милиони странски туристи и пријавиле 153 милиони ноќевања, како и Хрватска која ја посетиле 21,3 милиони странски туристи и пријавиле 108 милиони ноќевања.