Војната во Украина ќе биде лудило, тензиите меѓу Украина и Русија може да се надминат преку мултилатерален дијалог. Ова е ставот на папата Франциска кој се заблагодари на оние кои учествуваа на неговиот Меѓународен ден на молитва за мир во Украина, одржан на 26. jануари.
„Да продолжиме да му се молиме на Богот на мирот за тензиите и воените закани да бидат надминати преку сериозен дијалог и преговорите во рамките на Нормандискиот формат да придонесат за таа цел“ – рече папата.
„И да не заборавиме дека војната е лудост“ – потенцираше поглаварот на Римокатоличката црква.