„Војната во Украина покажа дека човештвото мора да го отфрли чудниот инстинкт за „самоуништување“ и дека купувањето повеќе оружје не е конечно решение за каков било конфликт“. Ова денеска го изјави папата Франциск. Тој ги замоли присутните на неговата неделна општа аудиенција да се потсетат на сите жртви на војната – загинати, вклучително и „паднати војници од едната или другата страна“, ранети, бездомници и бегалци.
„Нека Бог го испрати својот дух да разбереме дека војната е пораз на човештвото, дека мораме да ги победиме сите оние што водат војна…, рече тој. „Водењето војна е потреба што нè уништува“ – додаде тој.
Вторпат од почетокот на војната во Украина папата евоцира претчувство за нуклеарна војна.
Папата Франциск неколку пати остро ја осуди војната, но ја критикуваше Русија само имплицитно.