Денеска, за време на средбата во Ватикан со римските свештеници, на која се разговарало за хомосексуалните членови на црковната заедница, папата Франциск повторно употреби хомофобен термин, изјави извор за „Анса“.
„Има пед**и во Ватикан“, рече тој, повторувајќи го зборот што претходно го употребил кон крајот на мај, а потоа се извини.
Папата, исто така, повтори дека смета дека е подобро хомосексуалците да не влегуваат во семинаријата, но предупреди на опасноста од идеологиите, наведувајќи дека традиционалистите „не се добри“, пренесе италијанската агенција.