Папата Франциск: Од тенисот може да се извлечат животни лекции

Папата Франциск денеска и честиташе на Италија по победата на Јаник Синер на Австралија опен, со што стана првиот тенисер од таа земја што освоил тениски Грен слем по речиси половина век.

Честитки за италијанскиот тенисер Јаник Синер, кој во неделата го освои Австралија опен, пристигнуваат од сите страни. Честиташе и папата Франциск, но и цела Италија.

Примајќи ја делегацијата на Реал Клуб де Тенис Барселона пред публиката во Ватикан по повод 125-годишнината од формирањето на спортскиот клуб, тој им честиташе на Италијанците за победата на Јаник Синер на Австралија Опен.

„Денеска мораме да им честитаме на Италијанците бидејќи вчера победија во Австралија, па затоа им честитаме и ние“, рече Папата, пренесува Vatican News.

„Можно е и да се извлечат животни лекции од тенисот“, рече Папата, посочувајќи дека спортот нуди можности „за раст на секој човек и општество“.

„Во тенисот, како и во животот, не можеме секогаш да победуваме. Но, тоа е наградувачки предизвик ако се игра на образован начин во рамките на правилата. Спортот не е само конкуренција, туку и односи. А во случајот со тенисот, тоа е дијалог кој често станува уметнички“, додаде поглаварот на Католичката црква.

Последниот италијански тенисер кој го освоил Грен слем турнирот е Адријано Паната во 1976 година на Ролан Гарос.