Папата Франциск: Никогаш војна, прво помислете на децата!

Папата Франциск со апел за завршување на војната во Украина, истакнувајќи оти судирот има последици врз децата.

„Никогаш војна! Прво помислете на децата, на оние кои се лишени од надежта за достоинствен живот: мртви или повредени деца, сирачиња, деца кои си играат со остатоците од војната. Во името на Бога, престанете“ – напиша на Твитер поглаварот на Римокатоличката црква.

Украинските власти и Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации тврдат дека од почетокот на руската воена интервенција врз Украина загинале десетици деца.