
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, имал бронхијален грч и бил подложен на неинвазивна механичка вентилација, соопшти Ватикан.
Неговите проблеми со дишењето во петокот не траеле долго, а лекарите ќе имаат потреба од 24 до 48 часа за да проценат како оваа епизода ќе влијае врз неговата понатамошна здравствена состојба, пренесува „Ројтерс“.
Ова претставува чекор назад во здравствената состојба на 88-годишниот папа, кој веќе две недели се бори со воспаление на двата бели дроба.