Папата Франциско нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделник, соопшти Ватикан.
Од Рим соопштија дека Римокатоличката црква ќе испрати висок функционер кој работи како претставник на Ватикан за надворешни работи, објави „Индепендент“.
„Пресветениот Пол Галагер, секретар за односи со странски држави и меѓународни организации, ќе биде претставник на папата Франциско на погребот на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора“ – соопшти Ватикан.