Папата: Нека почне велигденско примирје во Украина!
Папата Франциск повика на велигденско примирје во Украина, што ќе доведе до преговори и конечен мир.
„Положете го оружјето. Нека започне велигденското примирје. Но, не за повторно вооружување и продолжување на борбите, туку за започнување на примирје и постигнување мир во вистински преговори“ рече поглаварот на Римокатоличката црква на крајот од литургијата што ја одржа пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.