Папата: Морам да го најдам вистинскиот момент кога да ја посетам Украина!

Поглаварот на Римокатоличката црква – папата Франциск денеска изјави дека ја разгледува можноста да ја посети Украина.

„Не е лесно да се донесе одлука што може да му нанесе повеќе штета отколку корист на остатокот од светот. Морам да го најдам вистинскиот момент да го направам тоа“ истакна папата.

Тој рече дека следната недела ќе има средба со претставници на украинската Влада во Ватикан и оти со нив ќе разговара за евентуална посета на земјата која е цел на руска инвазија.

Папата Франциск неколкупати го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин поради инвазијата, но не го именуваше. Тој исто така употреби термини како „неоправдана агресија“ и „инвазија“ и изрази жалење за ужасите врз цивилите.