Папата Франциск за војната во Украина смета дека е неоправдан, бесмислен масакр. Побара од лидерите да биде прекината таа неприфатлива војна.
„За жал, насилната агресија против Украина не стивнува“ – рече папата пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар за време на неделната молитва.
Тој потенцираше дека тоа е бесмислен масакр во кој секојдневно се повторуваат убиства и злосторства.
„Нема оправдување за ова“ – рече папата Франциск.
Ги повика сите актери во меѓународната заедница да работат на прекин на војната.