
Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев вели дека сака Лео Меси со Аргентина да го крене пехарот на Светското првенство во Катар, но смета дека шансите за тоа да се случи не се премногу големи.
Панчев за „Спорт Клуб“ вели дека не ѝ дава многу големи шанси на Аргентина за освојување на трофејот, но навива за нив, сака Меси да дојде до најголемиот фудбалски пиедестал.
„Во пресрет на најголемата светска манифестација истакнав дека главни фаворити се Бразил и Франција, кандидати се и Аргентина и Португалија. Би сакал Меси да го крене пехаорт, но според тоа што го видов на мечот со Австралија, ќе биде тешко. Аргентина не е брилијантна, не игра на ниво кое му прилега на некој кој цели кон трофејот“, вели Панчев.