Панел-дискусија „Владеењето на правото и евроинтегративниот процес – предизвиците и можностите за земјите кандидати за членство во ЕУ“

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во соработка со Институтот за европска политика од Берлин денеска ја организираат панел-дискусијата „Владеење на правото и процесот на пристапување во ЕУ – предизвици и можности за земјите кандидати и за ЕУ“.

Како што информираат од ИДСЦС, настанот се организира во рамки на проектот RESILIO-ACCESS, што има за цел да ја анализира и мери отпорноста на владеењето на правото, односно капацитетот на институциите не само да останат функционални и независни, туку и да реагираат ефективно, правично и во согласност со законите кога се соочуваат со политички влијанија, институционални кризи, корупција или обиди за нарушување на нивната автономија и интегритет.

-Отпорноста подразбира не само формално постоење на закони и институции, туку и нивна суштинска способност да ја заштитат демократијата, човековите права и правната сигурност, дури и кога системот е под сериозен притисок, посочуваат од ИДСЦС.

Говорници на панел-дискусијата ќе бидат проф. д-р Фунда Текин од Институт за европска политика од Берлин, проф. д-р Богдан Веселовски од Универзитет „Тарас Шевченко“ во Киев, проф. д-р Марко Кртолица од Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје и д-р Симонида Кацарска од Институт за европска политика во Скопје.

Панел-дискусијата е дел од тридневната конференција на проектот RESILIO-ACCESS, што се одржува во Скопје.