Пандов за Фокус: Џамбаски ме спречи да положам венец на споменикот на Гоце Делчев

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од партијата ВМРО-БНД не му дозволил на претседателот на Патриотскиот институт на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов да положи венец на споменикот на Гоце Делчев во Благоевград, изјави Пандов за „Фокус“.

Тој дојде во македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во бугарскиот град, откако беше и официјално отворен.

  • Дел од присутните заминаа да положат венец на споменикот на Гоце Делчев. Но, не успеаа откако претставници на бугарското ВМРО-БНД на Џамбаски не им дозволи, обелодени Пандов.

Зголемено полициско обезбедување имаше и за време на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцарев“, а вербален инцидент се случи и меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарски граѓанин кој го нарече Мицкоски предавник.