Во сабота во Истанбул на стадионот „Ататурк“ се игра големото финале во ЛШ меѓу Интер и Манчестер Сити.
Горан Пандев, како член на шампионскиот Интер од 2010 година коа овој тим со Жозе Мурињо стана европски првак и ја освои „триплетата“, е баран од европските медиуми да го каже своето мислење:
„На хартија изгледа дека Сити е голем фаворит, но Интер има оружја со кои може да го стави Сити во тешка позиција и јас сум убеден дека ќе биде така. Да не нѐ залажуваат тие 4-0 со Реал Мадрид, зашто сега финалето е на неутрален терен. А, Англичаните, како и ние во таа 2010 година, се борат за тројна круна, за такво нешто е изграден тимот, ама тоа може да им донесе уште поголем притисок од вообичаеното. Сити е тим кој со пресинг ве набива позади, во финалето во Мадрид, Баерн се обиде да го направи тоа со нас, па не им успеа. Тоа што Интер мора да го направи е да го дочека финалето во врвна кондиција, затоа што физичката подготовка ја прави разликата во вакви натпревари“, рече Пандев.