Панама ги отфрли заканите на Трамп дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал

Панама ги отфрли заканите на Доналд Трамп дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал.

Панама ги отфрли заканите на Доналд Трамп дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал.

-Каналот не е контролиран, директно или индиректно, од Кина, ЕУ, САД или која било друга сила. И како Панамец, цврсто ја отфрлам секоја формулација што ја искривува оваа реалност, рече панамскиот претседател, Хозе Раул Мулино во видеото поставенo на „Х“.

Таа изјава дојде по најавите на Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“ во која вели дека американските бродови и американската трговија се третираат на особено нефер начин. „Тарифите што ги бара Панама се апсурдни“, кажа тој, нагласувајќи дека овој „тотален грабеж на САД“ мора веднаш да престане.

Контролата на Панамскиот канал, завршена од САД во 1914 година, конечно беше предадена на Панама во 1999 година според договорот потпишан со демократскиот претседател Џими Картер во 1977 година.