Љупчо Палевски Палчо од притворот во Шутка писмено побарал адвокати во судскиот процес да му бидат Тони Менкиновски, Славчо Секуловски и Јовица Страшевски.
Но, како што објавија повеќе медиуми, ниту еден од нив не прифатил да му биде бранител . Затоа во согласност со законот, судот ќе му додели адвокат по службена должност
На Палевски кој е првоосомничен за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денес му се одредени 30 дена притвор.
Тој при при спроведувањето, иронично насмевнувајќи се кон камерите, изјави дека не е сторител на убиствата и за тоа има докази.
Пред судијата на претходна постапка нема да се брани со молчење.