Љупчо Палевски Палчо кој вчера беше фатен во Турција инаку главен осомничен за монструзно убиство на 14 годишно девојче, Вања Ѓорчевска, како и 74 годишниот Панче Жежовски е добро познат лик на полицијата и властите, пренесува Вечер.
Станува збор за личност со многу матни зделки, во минатото поврзан со службите, а потоа поврзуван со рекет, понатаму познат по бесправно градење и можеби првата позната дивоградба. Понатаму лице кое вршеше уцени, поседуваше нелегално стекнати прислушкувани материјали, баран во соседството со потерница и фатен при обид за бегство во Москва. Воедно познат по своите настапи на медиуми каде не само што ширеше говор на омраза, туку повиквуаше на личн на лица. И сето ова го правеше слободно.
Но има нешто друго кое отвора низа прашања, а тоа е случката од мај оваа година кога при барање на злато беше фатен со нелегално поседување на пиштол.
Вечер.мк тогаш прв објави за настанот.
Според документот кој го доби уште тогаш, Палчо бил фатен со истата банда со која сега го изврши злосторството какво што Македонија не памети.
Тие со кои тогаш беше фатен сега му помогнале да ја убие малата 14 годишна Вања и 74 годишниот Панче од Велес.
Во МВР тогаш биле заведени вкупно 4 лица, меѓи кои и Палевски кај кого бил најден пиштолот марка „Валтер“ калибар 9 мм кој му бил одземен.
На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола, стои во билтенот на МВР.
Останатите три лица кои биле тогаш фатени сега се Влатко К, Велибор М и Боре В.
Сепак, иако заведени лицата не се добија повеќе информации зошто не добија притвор, и што стана со пријавата за Палчо. Веројатно како и се останат поврзано со него.
Ова ни покажува дека оваа банда подолго време оперирала, дури и со нелегално оружје и и била позната на МВР.
Тука се поставува прашањата дали ако МВР посериозно ја сфатела оваа банда предводена од Палчо можеби ќе спречела поголем злостор кој го сторија половина година по случката од мај? Воедно се поставува и прашањето дали Палевски го добил назад пиштолот за кој наводно поседувал дозвола да го има, но не да го носи надвор со себе, односно дали му е вратен и потоа со истиот пиштол потоа ги извршил неодамнешните злосторства? Јавноста треба да дознае дали кон Вања е пукано со тој пиштол или станува збор за друг, бидејќи вчера министерот Оливер Спасовски соопшти дека се пронајдени два пиштоли? Многу прашања и нејаснотии.