Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа. Денешното судење ќе се одржи, ќе се дадат воведни говори, но и обвинетите ќе се произнесат за вина. За првпат, во судница седна Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен како планер и реализатор на убиствата.
Велибор Манев беше единствениот кој го криеше својот лик додека медиумите правеа видео-инсерти. За првпат, во судница со Палчо, седна и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања.
Јавната обвинителка пред воведните зборови со предлог за исклучување на јавноста од целата главна расправа. Ова го побара поради заштита на приватниот живот на оштетената Зорица, мајка на починатото дете Вања Ѓорчевска.
Од страна на полномошникот на оштетената Зорица и сестрата на Вања Ѓорчевска поднесено е барање до обвинителството за исклучување на јавноста од целата јавна расправа имајќи ги предвид, силното медиумско известување, кое медиумско известување придонело кон продлабочување на болката и стравот кај мајката и сестрата на Вања.