Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка.
Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Тој е првпат изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција
На прашање на новинарите дали го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, кратко одговори „НЕ“.
Прашан дали во суд ќе се брани со молчење, исто така кратко одговори со „НЕ“.
Засега се уште не се знае кој адвокат ќе го застапува Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за убиствата.