Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на вонредна прес-конференција изјави во Турција е уапсен Љупчо Палевски – Палчо.
„Тоа беше и последната алка од последниот грозоморен чин за да кажеме дека сме завршиле се, да ги разобличиме овие монстурми од свирепото двојно убиство“ – рече Спасовски.
Кажа дека црвената потерница станала видлива во сите земји членки на Интерпол.
„Продолживме и со билатерална комуникација, со цел потера по овој монструм. Посебна благодарност сакам да упатам до пријателска Турција, пријателска Србија и Бугарија и до секторите за внатрешни работи. Но, и до колегите од Хрватска која извести дека извршила проверка на нејзина територија“, рече Спасовски.
Кажа дека e изготвена кривична пријава на 100 страници, а опфатени се 5 лица.