Љупчо Палевски-Палчо е на распит во Обвинителство, по околу 20 дена од неговата екстрадиција во земјава.
Првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски ќе се соочи со доказите на обвинителството за случајот.
Претходно се вештачеа предметите кои тој ги донесе со себе по спроведувањето од Турција.
Палевски беше екстрадиран на 15 мај и од аеродромот заврши зад решетки бидејќи му беше определен притвор во отсуство. Во Кривичниот суд тој се произнесе за околностите за неговиот притвор, рече дека е невин, дека не бил во бегство и дека нема да се брани со молчење.
Истрагата за Палевски може да трае максимум 6 месеци, по што би требало да се поднесе и обвинителен акт.
Се очекува оваа постапка потоа да се спои со судењето против другите обвинети, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски.
Вања беше грабната на 27 ноември минатата година и убиена по неколку часа, а Панче исчезнал пет дена претходно.
Нивните тела беа пронајдени на 3 декември.