Во спорниот регион Нагорно-Карабах повторно избија борби меѓу војските на Азербејџан и Ерменија, откако азербејџанската армија ги нападнаа ерменските позиции.
Ерменија соопшти дека вооружените сили на Азербејџан отвориле интензивен оган во правец на неколку ерменски градови користејќи артилерија, голем калибар и мало оружје, пишуваат агенциите.
Владата на Ерменија веќе се обратила до Русија, Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) и Советот за безбедност на ОН во врска со судирите на границата со Азербејџан, изјавил владин претставник од прес-службата.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопштило дека ерменските вооружени сили извршиле голема саботажа на границата на двете земји.
Исто така, било објавено дека азербејџанската армија претрпела загуби во персоналот и воената инфраструктура поради гранатирање од страна на ерменските вооружени сили, а Ереван не пријавил жртви, но ијавиле дека судирите продолжиле во текот на ноќта, пренесува „Ројтерс“.
Конфликтот првпат избувна кон крајот на 1980-тите, кога ерменските сили ги зазедоа областите во близина на Нагорно-Карабах, меѓународно признати како територија на Азербејџан, но со мнозинско ерменско население, според Ројтерс.
Азербејџан ги врати тие територии во борбите во 2020 година, кои завршија со прекин на огнот со посредство на Русија и враќање на илјадници жители во нивните домови од кои побегнаа.