Пак провокација меѓу Пленковиќ и Милановиќ, поради Шведска и Финска
Хрватскиот премиер – Андреј Пленковиќ го повика претседателот Зоран Милановиќ да го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО алијансата со зборовите – „ако е фраер“ и повтори дека шефот на државата застапува проруски позиции.
Ова доаѓа откако вчера Милановиќ изјави дека Финска и Шведска не можат да влезат во НАТО додека не се смени изборниот закон во БиХ и дека дотогаш хрватскиот парламент „не смее да ратификува ничиј пристап во Алијансата“.
„Нека блокира тој веднаш како некој што седи на самити на НАТО, зошто го остава парламентот да го направи тоа кога е фраер“ – изјави Пленковиќ.