Утрово дојави за бомби се стигнати до неколку училишта во Скопје.
Дојави за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта, потврдуваат од МВР. Дојави за бомби, според сознанија, пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Полицијата прави антитерористички проверки. Евакуирани се и учениците од гимназијата „Георги Димитров“. Учениците се евакуирани и се пуштени дома.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека утрово има пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, а подетални информации најавија за подоцна.