Пад на цените на нафтата
Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска забележаа пад под притисок од очекуваната помала побарувачка и силниот долар пред евентуалното зголемување на каматните стапки во САД.
На Лондонската берза барел нафта се продаваше за 1,9 долари помалку од вчера односно за 89,45 долари.
Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 82,54 долари односно за 2,57 долари помалку во споредба со вчера.