Пад на цената на нафтата на светските берзи
Пад на цената на нафтата на меѓународните пазари во пресрет на новите рунди преговори меѓу Украина и Русија. Сега цената изнесува 97,95 долари. Пред една недела цената изнесуваше 126,27 долари за барел.
Цените на нафтата растат од минатата година, поттикнати од силното закрепнување на побарувачката по кризата со коронавирусот и главно стабилното производство од водечките извозници. Силен поттик беа и санкциите против Русија за нападот на Украина.
На почетокот на неделата вниманието на пазарот беше насочено кон новата рунда украинско-руски преговори. Производството на нафта и гасен кондензат во Русија се зголемило на 11,12 милиони барели дневно во март, и покрај санкциите за руската нафта.
Русија е најголемиот светски извозник на сурова нафта и нафтени деривати заедно и испорачува околу седум милиони барели дневно, што е еквивалентно на седум отсто од светската понуда.