Пад на цената на нафтата
Првпат по три месеци, цените на нафтата Брент утрово паднаа под 100 долари за барел поради загриженоста за глобалната рецесија што ја намалува побарувачката.
Цената на барел северноморски брент за испорака во септември падна за 7,10% до 99,49 американски долари. Тоа е првпат нафтата да падне под границата од 100 долари за околу три месеци.
Паралелно со падот на брент нафтата, се намали вредноста и на американската нафта West Texas Intermediate (WTI) од 7,92% за испорака во август, при што се затвори цената на барел на 95,84 долари.
Овој надолен тренд е охрабрувачки за глобалната економија дека конечно ќе се придвижи нагоре.