Пад на прометот во трговијата на мало со автомобилски горива
Пад на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 5,2 проценти, а реално за 5,1 процент, регистрира Државниот завод за статистика во март годинава во однос на март лани.
ДЗС денеска објави дека во трговијата на мало гледано по групи и класи зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 9,9 проценти, а реално за 5,9 проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4,7 проценти, а реално за 0,6 проценти), додека во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун зголемување има само номиналната стапка за 0,1 процент, а во реалната има намалување за 4,1 процент.