
Падна француската влада
Француското национално собрание гласаше за негово разрешување со 364 гласа „за“ и 194 „против“, со што се собори неговата малцинска влада. Бајру сега мора да ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, а според извештаите на француските медиуми, тој ќе го стори тоа утре наутро. Макрон има неколку опции и ниту една од нив не е особено привлечна, објавува Би-Би-Си.
Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада.
Француското национално собрание гласаше за негово разрешување со 364 гласа „за“ и 194 „против“, со што се собори неговата малцинска влада. Бајру сега мора да ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, а според извештаите на француските медиуми, тој ќе го стори тоа утре наутро. Макрон има неколку опции и ниту една од нив не е особено привлечна, објавува Би-Би-Си.
Тој би можел да назначи нов премиер, но наоѓањето кандидат кој не е веднаш отфрлен од една од главните парламентарни фракции нема да биде лесно. Минатата година, процесот траеше неколку недели. Бајру веројатно ќе остане на функцијата како технички премиер додека не се именува наследник.
Макрон би можел да распише и нови парламентарни избори. Тоа би го променило сегашниот баланс на моќ, но би можело да резултира со уште поубедлива победа за крајно десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен.
Друга опција е да се распишат претседателски избори на кои Макрон нема да може да биде кандидат бидејќи неговиот втор мандат завршува во 2027 година. Некои парламентарни групи го повикуваат да се одлучи за тој потег, но тој неколку пати повтори дека нема да поднесе оставка.