Падна седумка на Лото во Македонија вредна 1,7 милиони евра – ливчето уплатено во Охрид

По подолго време извлечена е седумка на Лото во Македонија, и тоа со рекордна добивка од 1,7 милиони евра.

Среќниот добитник на оваа награда, ливчето го уплатил во Охрид, и тој ќе добие неверојатни 1,76 милиони евра, информираат приредувачите на играта на среќа.

Во вечерашново извлекување добитната комбинација беше: 7, 31, 33, 36, 10, 27 и 35.