Голема промена на времето и заладување зафати дел од Европа и регионот, а во наредните денови се очекува драстичен пад на температурата и на Балканот.
Во дел од Германија веќе падна снег и ги изненади жителите по топлите денови.
Цугшпице, највисокиот германски врв на 2.962 метри надморска височина, осамна покриен со снег. Од топлите летни денови, планинскиот врв за само пет дена се претвори во вистинска зимска идила.
Во последните 48 часа на Цугшпице, кој се наоѓа јужно од градот Гармиш-Партенкирхен, наврнале 13 сантиметри снег, а денеска наврнале дополнителни 22 сантиметри.