Претседателот на партијата Нова српска демократија и еден од лидерите на коалицијата Демократски фронт Андрија Мандиќ кажа дека партиите се договориле да формираат нова влада на Црна Гора, а мандатар да биде Миодраг Лекиќ.
Денес истекува рокот до кога претседателот на државата Мило Ѓукановиќ би требало да предложи мандатар за состав на владата.
Мандиќ кажа дека до полноќ Ѓукановиќ ќе биде известен дека Лекиќ е мандатар.
Истакна дека „ако нешто не е јасно“, дека се спремни тоа на Ѓукановиќ да му го објаснат.
Милан Кнежевиќ кажа дека коалицијата Демократски фронт покажала „зошто е најсериозниот политички субјект бидејќи дала најголем придонес за да се постигне договор“.
Истакна дека писмено ќе го информира Ѓукановиќ дека е постигнат договор.
Максим Вучиниќ од црногорската Работничка партија кажа дека сите застанале зад Лекиќ и дека има поддршка од 41 пратеник (црногорскиот парламент има 81 пратеник).