Падна големо дрво на патека за трчање во Градскиот парк во Велес

Во Велес, на улицата за возила која се користи и како патека за трчање на велешките атлетичари и рекреативци во близина на влезот во фудбалскиот стадион во Градскиот парк, вечерва околу 19 часот  падна огромно дрво. Нема повредени граѓани ниту оштетени возила, кои и покрај дождот во тоа време биле во паркот, изјави за МИА Роберто Димитриевски очевидец на настанот и атлетичар од АК „Велес“.

По пријавата за паднатото дрво во Регионалниот центар за справување со кризи каде дежурниот Борис Алчев најави дека ќе ги информира надлежните од ЈКП„Дервен“ веднаш да испратат екипи и  да го отстранат стеблото на паднатото дрво од патот

Со тоа и повторно  да се ослободи патот од препреката  за возилата и граѓаните кои секојдневно тука рекреираат, спортуваат или поминуваат низ Градскиот парк.