Павле Трајанов не гласаше за францускиот предлог

Претседателот на Демократскиот сојуз, пратеникот Павле Трајанов на денешната седница на македонскиот Парламент, на која се расправаше за францускиот предлог не гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ.

Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македонскиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот.

Побара потоа да има една ( не две) меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ , а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија.

ДС цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми,кои целосно ги исполнува, рече тој.