Обвинение за вишите обвинители Хајрулахи и Цветановски за „местење“ на предмети

Штипското обвинителство денеска информираше дека поднеле обвинение против доскорешниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи за пет кривични дела поврзани со мобинг, но и дека заедно со вишиот обвинител Јован Цветановски се гонат за „местење“ на предмети.

Штипското обвинителство денеска информираше дека поднеле обвинение против доскорешниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи за пет кривични дела поврзани со мобинг, но и дека заедно со вишиот обвинител Јован Цветановски се гонат за „местење“ на предмети.

-Постапувајќи во текот на истражната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази и во однос на службеното постапување на наведениот Виш јавен обвинител и на уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно кои против нив поднесе Обвинителен предлог со кој ги товари дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик, велат од Обвинителството.

Оттаму појаснуваат дека обвинетите, во временскиот период од јануари 2023 година до август 2024 година, во Вишото јавно обвинителство Скопје, заедно со учество во дејствија на извршување на делото, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со тоа што преземале службено дејствие со кое ги пречекориле границите на своите службени овластувања.

-Спротивно на Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства, примените писмена кои по отворањето, му биле предавани од страна на овластениот јавнообвинителски службеник за прием, првообвинетиот ги задржувал и барал да не бидат заведени истиот ден или редоследно, туку да бидат заведени неколку дена подоцна и под различен датум од приемниот. Истовремено барал од службениците тие предмети директно „без многу галама“ да бидат доделувани на второобвинетиот. Постапувајќи во наведените предмети, обвинетите не ја извршувале својата службена должност согласно чл.7 од Законот за јавното обвинителство, односно функцијата јавен обвинител ја вршеле незаконито, пристрасно и субјективно, со непочитување и без заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите правни субјекти, надвор од рамките на своите надлежности, а со намера да овозможат друг да се стекне со имотна корист, со што потешко ги повредиле правата на странките во неколку постапки, велат од Обвинителството.