ОЈО: Отворен е предмет за можни неправилности во постапувањето на Центарот за социјални работи за случајот од Тафталиџе

Обвинителството оформи предмет за проверка на постапувањето на социјалните работници во случајот во скопско Тафталиџе каде по континуирано семејно насилство, жена и дете настрадаа при пад од зграда. Ќе се прибираат докази дали со неправилностите при работењето сториле кривично дело.

– Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, информираа од Обвинителството.