ОЈО Куманово со обвинение за Димитриевски

Обвинението што против кумановскиот градоначалник го поднел обвинителот на ОЈО Куманово, Иса Сулјемани се заснова на две кривични пријави поднесени од две локални фирми кои го пријавиле Димитриевски дека не им издал градежна дозвола, односно да платат комуналии за изградба на зграда според важечки детален урбанистички план.

Со тоа, како што велат тие, кумановскиот градоначалник им нанел штета од околу 55 000 евра.

Според него, обвинителот Иса Сулејмани во случајот постапува целосно пристрасно и своеволно поднел обвинителен поднесок против него до Кривичниот суд во Куманово, иако, како што вели, неговиот адвокатски тим побарал да биде изземен од предметот.

Тој денес на прес-конференција излезе со своја реакција во однос на постпакат на ОЈО Куманово. Тој кажа:

„Во овој случај постои стручно мислење од еминентни стручни лица кои што го потврдиле јавниот интерес и истата постапка е во тек. Дополнително, во континуитет врз мене се вршат различни форми на притисок и различни обиди за да се издејствува да се обезбеди градежна дозвола. Тоа е глобален случај, каде за жал има инволвирано и лица, носители на највисоко ниво на функции во државата, а дополнително и лица кои што одлучуваат во работењето на Уставниот суд“,