Оштетени се бројни автомобили во Загреб, малолетник тешко повреден при паѓање на дрво
Во реонот на Загреб, како резултат на паѓање на гранки од дрвја, оштетени се десетина лични автомобили и автобус на јавен градски превоз. Поради невремето, дел од дрвото се откинало на Јарун и паднало врз малолетник.
Поради вчерашното невреме, загрепската полиција примила 34 пријави на подрачјето на градот Загреб и неговата околина. Последиците од невремето се главно материјални штети; паднати дрвја, оштетени возила и покриви, а едно лице е повредено.
-Околу 18 часот и 35 минути на Трешњевца, уличка Матија Љубека (Езеро Јарун) во Скејт паркот поради невреме се откорнало дел од дрво, чија гранка паднала и повредила малолетник. Лекарска помош и била укажана во загребскиот клинички болнички центар, каде било констатирано дека е тешко повредена – соопштија од полициската управа во Загреб.
Оттаму додаваат дека во градското подрачје поради паѓање на гранки од дрвја оштетени се десетина автомобили и автобус на јавен превоз, а материјалната штета се уште не е утврдена.