Оштета за претрпената штета бара Стопанската комора. Велат биле оставени сами на себе да се борат со енергетската криза. Истакнаа дека повеќе нема да чекаат државата да ги решава нивните проблеми.
„Во земјоделско – прехранбениот сектор, 75 отсто од анкетираните навеле дека трошокот за електрична енергија им бил зголемен над 100 проценти, потоа 60 отсто од хемискиот сектор навеле дека тоа зголемување е над 250 отсто, а најголемо зголемување на трошоците за електрична енергија има металуршкиот сектор кое се движи и до 470 проценти“, рече Билјана Пеева Ѓуриќ, оперативен директор на Стопанска комора.
Премиерот вели пак дека ги прифакаат предлозите од комората.
Стопанствениците побараа Владата да размисли да им овозможи на стопанствениците кои немаат обновливи извори на енергија да инвестираат во батериски системи за да можат да ја купуваат електричната енергија кога е по пониска цена и да ја продаваат кога ќе биде повисока.