Охрид ќе блесне за празниците и покрај енергетската и економска криза
Охрид ќе блесне за празниците и покрај енергетската и економска криза.На градскиот плоштад се поставуваат украси,светилки и новогодишна елка.Општината годинава за организацијата на новогодишната програма и за украсувањето ќе потроши околу 12 000 евра.
„Целокупната организација нема да чини повеќе од лани, околу 12.000 евра. Забава ќе има на 31 декември и на 1 јануари“, истакна охридскиот градоначалник.
Пецаков смета дека гостите кои се најавени да дојдат во Охрид не заслужуваат да бидат пречекани во мрак.
„За бројните туристи кои се очекува новогодишната ноќ да ја дочекаат во Охрид ќе има и организиран дочек на градскиот плоштад. Охрид е туристичко место, туристички град и нема да трпи воопшто ниту на украсувањето, а секако ниту на новогодишната забава за охриѓани и туристите да уживаат“, вели Пецаков.