Охрид го слави патронот на градот – Свети Климент Охридски

 

Поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник во име на големиот духовник.Исто така и полагање цвеќе на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад денеска во Охрид ,се продолжија чествувањата на заштитникот на градот .

Пред спомен обележјето на основоположникот на Македонска православна црква, писменост и култура цвеќе положија делегации на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, од збратимени градови од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, претставници на амбасади, политички партии, здруженија на граѓани, Сојузот на борци и други почитувачи на ликот и делото на Свети Климент.

На прво наградените ученици Славјан Митаноски, Симона Димитриеска и Марија Наумоска на ученичкиот конкурс за најдобра поетска творба посветена на Свети Климент Охридски, Пецаков им ги подели наградите.

Програмата за одбележување на патронот на градот Охрид ќе заврши вечерва со настап на Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев”.