Убава вест за Македонија од Ријад: Охридскиот регион го задржува статусот на светско наследство на УНЕСКО, објави пред малку државниот секретар во Мнистерството за надворешни работи, Филип Тосевски, која заедно со министерките за култура и животна средина, Бисера Костадиновска Стојчевска и Каја Шукова е во Ријад, Саудиска Арабија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.
„Задоволство е што можеме да споделиме убава вест од 45-та сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Ријад, Саудиска Арабија, дека Охридскиот регион продолжува да блеска на листата на светско наследство.
Заедничките напори со нашиот сосед Албанија, беа препознаени, но да не заборавиме дека нашата работа е далеку од завршена. Посветени сме на спроведување на препораките на УНЕСКО за зачувување на ова глобално богатство кое ни припаѓа на сите. Нашата колективна одговорност и солидарност се посуштински од кога било, затоа да се грижиме за Охрид и за Охридски регион!
Благодарност до сите чинители кои беа дел од оваа мисија, и чија посветеност и соработка го овозможија тоа“ стои во објавата на Тосевски.