Официјален Кремљ соопшто дека руските трупи, трет ден по ред, ги продолжуваат воените операции во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин и нареди на армијата да продолжи со спацијалната воена операција, иако, наводно, претходно вчера наредил прекин на офанзивата.
Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков на денешниот редовен брифинг со новинарите го обвини украинското раководство дека ги „отфрла преговорите“.
„Бидејќи украинската страна одби да преговара, напредувањето на руските сили продолжи попладнево“ – рече Песков.