Отчет на Венко Крстевски, в.д. градоначалник на Општина Кочани: „За 100 дена обезбедивме 487 милиони денари за проекти!“

Венко Крстевски денеска објави отчет за стоте дена работа откако од страна на Општинскиот совет беше избран за вршител на должноста градоначалник на Општина Кочани.

Венко Крстевски денеска објави отчет за стоте дена работа откако од страна на Општинскиот совет беше избран за вршител на должноста градоначалник на Општина Кочани.

Во воведот, обраќајќи им се на своите сограѓани, тој потенцира дека првите 100 дена од мандатот како в. д. градоначалник покажуваат дека Кочани може и мора да оди напред.

– Обезбедивме над 487 милиони денари за проекти, некои веќе завршени, некои во тек – од витално значење за нашиот град. Инвестираме во инфраструктура, безбедност, социјална поддршка и развој. Со упорност и работа го поставуваме Кочани на патот на обновата и напредокот, истакна Крстевски, кој пред нецели 4 години стана советник од позицијата носител на листа предложена од група граѓани (независна листа).

Отчетот ги содржи најзначајните проекти и активности во периодот по 14 април 2025 година, кога тој ја презеде позицијата вршител на должноста градонаќалник на Општина Кочани.