„Отровни стрели во ДУИ“, за Бејта Груби е обична тенекија

Екс-градоначалникот на Гостивар и член на ДУИ – дел од таканаречената „Огнена група“, Невзат Бејта синоќа упати повеќе сериозни обвинувања против своите сопартијци Артан Груби и Талат Џафери.

Тој го обвини претседателот на Собранието дека е во коалиција со Арбен Таравари од 2017 година.

-Што се однесува до соработката на ДУИ со Арбен Таравари, соработката е тајна од 2017 година и координатор беше Талат Џафери. Талат Џафери се мобилизираа и создаде свои структури за да ме елиминираат од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари на локалните избори, изјави Бејта во емисија на ТВ Алсат.

Прашан „зошто Груби му е толку скап на Ахмети“, Бејта одговори:

-Груби не е од металите кои се мерат со карати, туку е метал кој нема карати, бидејќи ако имаше карати ќе беше добро. Тогаш немаше да прави раскол во ДУИ. Тие што немаат карати се железо, тенекија. Металите кои имаат карати се добри метали и вредни, луѓето ги сакаат, рече тој.

Груби, пак, синоќа во изјава за „Лајм“ му одговори на Бејта.

-Бејта ми е сопартиец. Му посакувам нему и на неговото семејство се најдобро, изјави тој.