„Глаксо Смит Клајн“ – британски производител на медикаменти тврди дека лекот „сотровимаб“ е ефикасен против сите мутации во новата варијанта на коронавирус – Омикрон. Сепак, се истакнува дека се работи за најнови податоци од студија кои се во рана фаза.
Резултатите од студијата сугерираат дека третманот со „сотровимаб“ е ефикасен против сите 37 мутации досега идентификувани на шилестиот протеин.
„Сотровимаб“ беше дизајниран да се врзува за шилестиот протеин на површината на коронавирусот, но беше откриено дека Омикрон има невообичаено голем број мутации во тој протеин, информираат упатените.
„Глаксо Смит Клајн“ и компанијата „Вир Биотехнологија“ создале таканаречени псевдовируси кои содржат значајни мутации на коронавирус во сите сомнителни варијанти што се појавија.