Откриено кој чипс од Србија содржи канцерогена супстанца

Нелегално количество акриламид е пронајдено во 150 грама ребрести чипсови со вкус на пиперка од производителот Чачански Чипс веј при извоз во Хрватска, дознава Н1 Србија од Државниот инспекторат на Хрватска.

„Зборуваме за производителот Chips way d.o.o. од Чачак и производот ‘CHIPS bits&bytes ribbed paprika’ во пакување од 150 грама“, велат од Државниот инспекторат на Република Хрватска.

Овие чипсови со вкус на пиперка имаат рок на траење до 25 декември 2023 година.

Бар-кодот на производот е 3 856025 853261, серија L28062023 (L280623 A09:31).