Во сицилијанското село Кампобело ди Макара, откриено е второто скривалиште на мафијашкиот бос Матео Месина Денаро.
Тоа скривалиште е само еден километар оддалечено од првото, на Виа Сем Вито во Палермо каде Денаро ги помина последните месеци во бегство.
Второто засолниште е еден вид блиндирана соба, а во него се пронајдени даночни сметки, дневен распоред и здравствени документи на Денаро.
Агенцијата „Ansa“ јавува дека скривалиштето, односно тајната соба била во стан на еднокатна куќа, скриена зад плакар, а во неа немало ниту кревет, ниту мебел, поради што се претпоставува дека Месина го искористи за да остави работи што му беа важни.
Како што се наведува, ова скривалиште е откриено 48 часа по апсењето на Денаро, благодарение на доверлива истрага.
Во него биле пронајдени празни кутии, па се претпоставува дека некој ги испразнал откако Денаро бил уапсен.
Главниот обвинител на Палермо, Маурицио Де Лусија, рече дека и ова ќе биде предмет на истрага.
Според првите извештаи, полицијата не нашла оружје во првото скривалиште, туку открила луксузни парфеми, скап мебел и дизајнерска облека, јавува Би-Би-Си.